Дома Фудбал Валверде пред новото „Ел Класико“ откри што прави Меси на почетокот од натпреварот

Валверде пред новото „Ел Класико“ откри што прави Меси на почетокот од натпреварот

Интересен детал поврзан со Аргентинецот.

Лионел Меси важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу пати сме биле сведоци на чудата кои ги прави на теренот петкратниот освојувачот на „Златната топка“ кој со Барселона освои се што може да се освои во клупскиот фудбал.

Сигурно сите сме запрашале како тие чуда ги прави Меси, а одговорот на тоа прашање можеби го даде тренерот на Барселона, Ернесто Валверде кој на оваа тема зборуваше пред новот „Ел Класико“ кое се игра утре со почеток во 20:45 часот.

Валверде имаше интересна изјава во која порача дека Меси на почетокот на натпреварот воопшто не игра и за тоа време се обидува да добие слика за случувањата на теренот.

„Лео во првите неколку натпревари воопшто не игра. За тоа време тој целост ја игнорира топката и само се шета околу дефанзивната линија на противникот. На почетокот тој создава слика за ситуацијата на теренот, а потоа како натпреварот изминува полека влегува во играта и тогаш совршено знае кои се слабостите на пртивникот“, изјави стратегот на тимот на Барселона.

Ќе потсетиме, Барселона пред неколку дена го победи Реал Мадрид во полуфиналето во шпанскиот куп, а како што споменавме веќе утре ја очекува ново „Ел Класико“ овој пат во рамките од Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…