Одиграни се сите натпревари од 1.коло во новата Лига на шампиони. На првото место секако е Баерн Минхен, кој во вторникот го декласираше Динамо со 9:2, додека хрватскиот шампион е на последното место по првото коло.
Победиле 15 екипи, а само три натпревари завршиле нерешено. Од 2.коло натпреварите се играат само во вторник и среда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За потсетување, првите осум екипи одат директно во осминафиналето на Лигата на шампионите, а клубовите од 9. до 24. место одат во шеснаестафиналето. Нема ждрепка за првото коло од нокаут фазата, туку 9-ти ќе играат против 24-ти, 10-ти против 23-ти и така натаму. Последните 12 клуба испаѓаат од Европа и не го продолжуваат натпреварувањето во Лига Европа.
Двојки од 2.коло во Лигата на шампионите:
1 октомври (21:00 часот):
Ред Бул Салцбург – Брест (18:45)
Штутгарт – Спарта Прага (18:45)
Арсенал – ПСЖ
Барселона – Јанг Бојс
Баер Леверкузен – Милан
Борусија Дортмунд – Селтик
Интер – Црвена звезда
ПСВ – Спортинг Лисабон
Слован Братислава – Манчестер Сити
2 октомври (21:00 часот):
Џирона – Феенорд (18:45)
Шахтјор – Аталанта (18:45)
Астон Вила – Баерн
Бенфика – Атлетико Мадрид
Динамо Загреб – Монако
Лил – Реал Мадрид
Ливерпул – Болоња
РБ Лајпциг – Јувентус
Штурм – Клуб Бриж