Дома Останати Тенис Вака зборува девојчето кое е на 15 години „растура“ на Вимблдон: Дојдов да го освојам турнирот!

Вака зборува девојчето кое е на 15 години „растура“ на Вимблдон: Дојдов да го освојам турнирот!

Неверојатната Кори Гауф вчера со победата против искусната Магдалена Рибарикова се палсираше во третото коло на Вимблдон.

Девојчето од Флорида преку ноќ стана мега сензација и главна тема на овогодинешното издание на најславниот турнир во историјата. Тешко е воопшто да се опише нивото кое 15 годишната Гауф го покажа во двата меча против Венус Вилијамс и Рибарикова.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тенисот кој го игра е тешко да се поврзе со нејзините години. Поседува ретко видена смиреност, концентрација и фокус на самата игра. Засега пред неа паднаа нејзината хероина Венус и Ринарикова која поранешна полуфиналистка.

„Би ве излажала ако ви кажам дека се чуствувам нормално. Видов што се случува на друштвените мрежи ми пристигнаа многу пораки, дури и од некои ѕвезди. После првиот меч против Венус заспав после полноќ. Не знам што да кажам за овие последни три дена, за мене ова е нешто ново. Пред една недела не знаев дали ќе дојдам тука, но сега ова за мене е потврда дека се можеш да направиш ако бидеш упорен и се трудиш“, изјави Гауф.

Во овие пет мечеви на Вимблдон (три во квалификациите и два на главниот турнир) таа не изгуби ниту еден сет, а против Венус и Рибарикова изгуби само еден сервис. Бекендот и функционира брилијантно и физичката спремност и е на неверојатно ниво.

„Барав од тренерот подолги тренинзи и посилни удари пред Вимблдон. После нив знаев да трчам во квартот и по три минути со најголема брзина. Мислам дека сето тоа е клучно за овој настап на Вимблдон. Ми помогна и тоа што како јуниорка доаѓав тука. Знаев како изгледаат терените и каква е атмосферата, за оние кои се прв пат тоа може да биде вистински шок“, смета Гауф.

Во третото коло во петок ќе игра против Полона Херц од Словенија.

„Да? Не знаев. Не го гледам ждребот и не се замарам кој е во мојот дел на ждребот. Кога ќе дојде следниот меч се концентрирам на таа противничка. Јас дојдов тука да го освојам турнирот. Не знам ништо за Херц, но ќе гледам некои снимки и добро ќе се припремам“, самоуверено тврди младата Американка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …