Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон изјави дека Роналдо и Донарума донеле правилна одлука кога ова лето ги напуштија Милан и Јувентус.
Донарума се смета за легитимен наследник на Буфон и ова лето го напушти Милан како слободен агент и се пресели во ПСЖ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, во Париз тој е втор избор и често ја грее клупата за резерви, по што и самиот изрази негодување.
„Мислам дека одлуката на Донарума е повеќе од оправдана. Нормално е тој да има потешкотии на почетокот во новиот клуб. Сепак, мислам дека многѕ брзо ќе биде прв голман на ПСЖ“, изјави Буфон.
„Доколку Роналдо не бил убеден во неговото останување во Јувентус, правилно постапи што си замина“, искоментира Буфон.