Дома Македонски спорт Мак фудбал Бурхан Мустафа: Шкендија е еден од најдобрите тимови во ПМФЛ, но веруваме во успех

Бурхан Мустафа: Шкендија е еден од најдобрите тимови во ПМФЛ, но веруваме во успех

Екипата на Работнички во рамките од 22. коло во ПМФЛ ќе се сретне со актуелниот шампион Шкендија.

Во македонскиот шампионат продолжуваат возбудувањата откако средбите беа одложени пред три дена поради снежните врнежи. Атмосферата во редовите на Работнички е добра после победата над Скопје од 0:1 во минатото коло. Голманот Бурхан Мустафа очекува ново добро издание на тимот од Дебар Маало.,

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Шкендија е актуелен шампион и еден од најдобрите тимови во Првата македонска лига, секако дека ги респектираме. Но, исто така веруваме во нашите квалитети и доколку одиграме на потребното ниво верувам дека можеме да оствариме успех“, изјави Бурхан Мустафа.

Натпреварот помеѓу Работнички и Шкендија се игра од 14:00 часот на арената „Тодор Просеки“.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…