Дома Македонски спорт Бундеслигата може да биде нова дестинација и за Барди?

Бундеслигата може да биде нова дестинација и за Барди?

Во изминатиот период се почесто македонски фудбалери се поврзуваа со трансфер во Германија, а сега дојде редот и на Енис Барди.

Елиф Елмас се пресели во Лајпциг, Агон Елези во Бохум, Чурлинов се врати во Шалке (Втора германска лига)…додека турските медиуми сега најавуваат дека интерес за Енис Барди покажал тимот на Фрајбург.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Турските медиуми скоро во текот на целиот преоден рок го селат Барди од еден во друг клуб, се споменуваа: Кардиф, Жирона, Торино, Селта Виго, Унион Берлин…

Сезонава Барди има 20 настапи во турската Суперлига за Трабзонспор и во нив постигна два гола и подели пет асистенции. Неговиот договор со турскиот клуб е со важност до 30-ти јуни 2025 година.

Според проценката на „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…