Дома Фудбал Италија Бројките на Јувентус оваа и минатата сезона за значително различни – причината е Роналдо!

Бројките на Јувентус оваа и минатата сезона за значително различни – причината е Роналдо!

ronaldo

Доаѓањето на Кристиано Роналдо во Јувентус изминатото лето на торинскиот клуб му донесе значајна финансиска корист.

Роналдо е ѕвезда во секоја смисла. Има навистина голем број фанови, а неговиот таков статус на Јувентус му носи големи добивки на клубот од Торино.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Така продажбата на дресовите и клупските обележја од доаѓањето на Роналдо значително порасна. Само во изминатите шест месеци Јувентус заработи 26.51 милиони евра, што е огромно зголемување од приходот во однос на минатата година.

Без Роналдо, Јувентус во ова време минатата година имаше заработка од 14.65 милиони евра, тоа значи дека Роналдо им донел заработка од 81%.

Сепак и расходите се прилично големи. Јувентус потроши 12.18 милиони евра за да ги наполни клупските продавници што е за пет ипол милиони повеќе во однос на минатата сезона.

Секако, треба да се очекува голема заработка и во наредниот период. Јувентус дури и доби бонус од 15 милиони евра и таа сума веќе е уплатена на сметката на торинскиот клуб.

Исто така приходите од спонзорите и рекламите достигнаа бројка од 61.4 милиони евра во досегашниот што е нешто повеќе од 18 милиони евра во однос на истиот период минатата година.

Освен на финансиски план Роналдо започна да се исплаќа и на теренот. Португалецот е прв стрелец во Серија А, меѓутоа во Лигата на шампионите која е главна цел Јувентус се наоѓа во тешка ситуација после првиот натпревар против Атлетико Мадрид (пораз од 2:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн наредната сезона ќе го слави 125. роденден – „Адидас“ спреми специјален дрес

Во наредната сезона Баерн Минхен ќе го прослави својот 125. Роденден и по тој повод „Адида…