Дома Фудбал Италија Брахим Дијаз: Ибра е стар колку татко ми, но прави разлика на теренот

Брахим Дијаз: Ибра е стар колку татко ми, но прави разлика на теренот

Шпанскиот плејмејкер Браим Дијаз ја истакна важноста на Златан Ибрахимовиќ за тимот и додаде дека тој ги прави сите играчи подобри.

40-годишниот ветеран постигна осум гола на 23 натпревари во Серија А, но е клучна фигура во соблекувалната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Тој е стар колку мојот татко, но сепак прави разлика на теренот. За мене тој е како татко во соблекувалната. Ми го олесни животот, бидејќи кога ја контролирам топката морам да му ја дадам за да не се налути“, изјави 22-годишниот Шпанец.

„Тој е исклучителен фудбалер со голема харизма кој сака да победува. Работи многу напорно на тренинзите и тоа им го пренесува на другите. Несомнено тоа ги прави сите играчи подобри, бидејќи не тера да го дадеме максимумот“, заклучи Дијаз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн пронајде идеална замена за Хари Кејн?

Баерн Минхен не може без Хари Кејн, но Англичанецот не може да игра на секој натпревар и з…