Aктуелниот олимписки шампион Бразил ќе го брани златото од Рио де Женеиро во 2016 година откако попладнево обезбеди трето финале на Летните Олимписки игри.
Бразил го победи Мексико со 4:1 на пенали. „Кариоките“ беа далеку посигурни за да триумфираат. За Мексико не погодија Сантош чиј пенал го одбрани Агире, додека ударот на Васкез заврши во дирекот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Бразил прецизни беа Дани Алвеш, Мартинели, Бруно Гимараеш и Реинер.
Во двата часа активна игра не видовме погодоци. Бразил со ова финале си обезбеди нов медал, а ако стигнат до златото ќе бидат петтата селекција во историјата која одбранила олимписко злато после Велика Британија (1908-1912), Уругвај (1924-28), Унгарија (1964-68) и Аргентина (2004-08).