Дома Фудбал Останато Бошко Ѓуровски нов тренер на Црвена Звезда

Бошко Ѓуровски нов тренер на Црвена Звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда одлучи до крајот на сезоната екипата да ја води Бошко Ѓуровски, а на клупата на црвено-белите тој ќе го замени Миодраг Божовиќ, кој поднесе оставка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓуровски денеска ќе биде промовиран и ќе го одработи првиот тренинг со тимот, а прв меч ќе му биде реваншот од полуфиналето на Купот со Чукарички.

Ова ќе биде вторпат легендата на Црвена звезда да го предводи клубот. Ѓуровски во 2007 година го наследи Душан Бајевиќ и таа пролет со црвено-белите ја освои двојната круна.

Ѓуровски за првиот тим на Црвена звезда играше од 1980 до 1989 година, одигра 509 натпревари и постигна 103 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голем пресврт во Реал: Ѕвездата повеќе не е недопирлива, Јунајтед ја чека својата шанса

Ова лето Реал Мадрид минува низ една од најголемите реконструкции на играчкиот кадар во по…