Македонскиот репрезентативец, Адис Јаховиќ оваа сезона експлодираше во Турција, тој во овој момент е прв стрелец во најсилната турска лига со 11 постигнати погодоци.
Јаховиќ зад себе остави стрелци како Бурак Јилмас, Бафатеми Гомис...Токму поради тоа медиумите во Босна, место каде што Јаховиќ некогаш настапуваше се горди што токму фудбалер кој некогаш настапувал во нивната лига сега е вистинска ѕвезда во Турција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонецот кариерата ја започна во Напредок од Кичево, потоа се пресели во Македонија Ѓорче Петров од каде што се пресели во Босна. Како што пренесуваат медиумите во оваа држава, Јаховиќ во Босна пристигна на „мала“ врата во тимот на Железничар, каде што не доби премногу простор за игра.
Од таму тој се пресели во Вележ и одигра навистина одлично, па после само една полусезона тој направи трансфер во Сарево и токму таму доживеа целосно афирмација и стана неизостевен дел од стартниот тим.
Сараево беше последниот тим на Јаховиќ во Босна, следуваше нова авантура во Вил од Швајцарција и за краток период направи трансфер во Цирих. Токму во тој период Јаховиќ доби повик и во репрезентацијата на Македонија. Потоа следуваше период во кој често менуваше клубови, за на крајот да заврши во Гозтепе каде што денес игра во животна форма.
На крајот во текстот од босанските медиуми се наведува и незадоволство на Јаховиќ што во овој момент е втор план во нашата репрезентација.