Дома Македонски спорт Борко лут на младите: Треба да стават прст на чело и добро да размислат

Борко лут на младите: Треба да стават прст на чело и добро да размислат

Maкедонија вчерашниот натпревар против Шпанија го загуби со 11 поени (21:32) разлика, иако во првото полувреме бевме и тоа како достоен противник на европскиот шампион.

Против Шпанија, Борко Ристовски скоро целиот натпревар го помина на клупата за резерви и бранеше само еден пенал. Шанса на овој натпревар доби Никола Митревски кој беше фантастичен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Борко после натпреварот испрати јасна порака до помладите ракометари кои на оваа средба добија поголема минутажа со цел стандардните првотимци да одморат за денешниот натпревари.

„На овој натпревар младите добија поголема улога, ние ги чувавме силите за утрешниот натпревар. Овој пораз од 11 разлика добро треба да ги замисли, помладите кои добија шанса. Ние како репрезентација подолги години градиме некој рејтинг. Никој не вели дека не смеат да се прават грешки, сите грешиме. Сепак, не е дозволено да немате жар и да не се борите, да не добиете ниту еден дуел во второто полувреме. Ако вака играат во иднина, не верувам дека можат да имаат поголем успех во иднина, не покажаа никаква желба за надигрување“.

„Да Шпанците се европски шампиони, но тоа не значи дека не треба да дадете 150% од себе за да се обидете да направите нешто кое ќе биде важно за вас и вашата иднина. Не дека треба да фрламе со дрва и камења по нив, но не е прифатливо некој да не даде се од себе, а мислам дека тоа беше случај со младите кои денес настапија“, изјави Борко.

Македонија денес од 18:00 часот го игра клучниот натпревар против Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…