Репрезентацијата на Македонија денес има слободен ден на Светското првенство пред утрешниот натпревар против актуелниот европски шампион Шпанија.
Македонија после три одиграни натпревари има учинок од две победи (Јапонија и Бахреин) и еден пораз (Хрватска). Со ова се наоѓаме на третата позиција на табелата во нашата група.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нашиот капитен Кире Лазаров е најкорисниот играч на Светското првенство и води на табелата пред Родриго Салинас од Чиле и Домагој Дувњак. Кире асистенции и голови има вкупно 37, Салинас 30, а Дувњак 28
Кога се само головите во прашање Лазаров се наоѓа на делба на третата позиција со 20 голови, пет помалку од лидерот Уве Генсхајмер. Помеѓу најдобрите десет стрелци се наоѓа и Дејан Манасков со 17 постигнати гола.
Борко Ристовски според проценетот на одбранети удари е на десеттата позиција, но затоа пак тој е голманот со најмногу удари од сите голмани на Мундијалот – 34. Успешноста на одбранети удари на Борко е на 37%, додека прв е Николас Ландин со 51%.