Дома Фудбал Италија Бонучи откри против кој тим не сака да игра во нокаут фазата, објасни и зошто

Бонучи откри против кој тим не сака да игра во нокаут фазата, објасни и зошто

Jувентус го победи Атлетико Мадрид со 1:0 и така го обезбеди првото место во групата Д од Лигата на шампионите.

Поради обезбедениот пласман и првата позиција Јувентус веќе може да мисли на противниците во нокаут фазата, а стоперот Леонардо Бонучи не сака да се сретне со еден тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бонучи сака во нокаут фазата Јувентус да го избегне Тотенхем каде што неодамна пристигна Жозе Мурињо.

„Моја желба е да го избегнеме Тотенхем. Тие со доаѓањето на Мурињо добија нешто плус, но до февруари и март има уште многу. Не сакам да го навредам Покетино, меѓутоа Мурињо е човек кој знае како да го извлече максимумот од играчите“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе се обиде ли Ливерпул во последен момент да ги расипе плановите на Манчестер Сити?

Манчестер Сити активно работи на трансферот на Антоан Семењо, кој ќе се обиде да го финали…