Дома Фудбал Останато Бонучи: Не покажавме вистински менталитет, се надевам од овој пораз нешто ќе научиме

Бонучи: Не покажавме вистински менталитет, се надевам од овој пораз нешто ќе научиме

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи немаше многу причини за задоволство после вчерашниот пораз на неговиот тим во Лигата на Европа против Арсенал.

Милан изгуби на „Сан Сиро“ 2:0 и на тој начин значително ги намали шансите за пласман во следната фаза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бонучи смета дека неговиот тим чуствувал страв од самиот почеток на натпреварот.

„Чуствуваме страв од самиот почеток и не покажавме вистински менталитет бидејќи сме многу млади. Се надевам дека од ова нешто ќе научиме. Ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе во реваншот. Мораме да бидеме оптимисти бидејќи во фудбалот се е можно. Доколку во Лондон играме со духот со кој го одигравме второто полувреме, мислам дека имаме шанси“, порача Бонучи.

Да потсетиме, реваншот помеѓу овие два клуба се игра наредната недела на „Емирати“ во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Од Ливерпул се премислија за Киеза

Ливерпул ја промени својата позиција во врска со иднината на напаѓачот Федерико Киеза во к…