Дома Топ вести БОМБА од Шпанија: Бонучи го напушта Милан и станува „крал“

БОМБА од Шпанија: Бонучи го напушта Милан и станува „крал“

Леонардо Бонучи минатото лето направи шокантен трансфер кога дресот на Јувентус го замени со тој на Милан.

Сепак, новиот тим на Милан засега не ги исполнува очекувањата на навивачите, но ни на богатите сопственици од Кина. Еден од оние кои најмногу разочараа е и искусниот стопер Леонардо Бонучи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сепак, иако игра во лоша форма Бонучи се уште е интересен за европските гиганти, па медиумите тврдат дека веќе во јануари би можел да го направи трансферот на кариерата.

Шпански „ОК Диарио“ пренесува дека нова дестинација на Бонучи би можел да биде Реал Мадрид, бидејќи челниците на шпанскиот великан исклучително го ценат искуството на италијанскиот стопер, како и неговите технички квалитети.

За Реал е мошне важен и фактот што Бонучи би имал право да настапува во Лигата на шампионите, доколку би пристигнал на „Сантијаго Бернабеу“ во јануари.

Неодамна се појавија информации дека Милан се наоѓа во „деликатна“ финансиска ситуација и дека ќе мора да продава некоја од своите ѕвезди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…