Дома Фудбал Италија Битка за Лига на Шампиони во Серија А: Една екипа ќе извиси, Интер, Аталанта или Милан

Битка за Лига на Шампиони во Серија А: Една екипа ќе извиси, Интер, Аталанта или Милан

Интересна ќе биде битката за пласман во Лигата на Шампиони следната сезона. Интер, Аталанта и Милан ќе одлучуваат во последното коло кои две екипи од нив три ќе се пласираат во европската елита. Интер и Аталанта се во предност, но тоа не мора да значи ништо.

Спал – Милан

Милан се уште има можност да игра во Лигата на шампионите за прв пат по пет години. Реално, шансите не се на нивна страна, но тие постојат. Со оглед на тоа што Милан е на 5-то место на табелата, освен што мора да победи треба и да се надева дека или Интер нема да победи против Емполи или Аталанта против Сасуоло. Милан има лесна задача, и треба даслави против просечниот Спал кој пак сезонава ги надмина очекувањата.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На хартија, Спал би требало мирно да го чекаат крајот на сезоната бидејќи се задоволни од пласманот. Сепак последните два порази на Спал треба да го загрижат Милан бидејќи јасно е дека и покрај поразите екипата игра добар фудбал.  Наполи не се извлече против нив со гол во 88-та минута, додека Удинезе, кој се бореше за својот опстанок едвај победи со 3:2.

Исто така Спал сеуште може да заврши во горната половина на табелата што би било неверојатно достигнување за нив. Овој меч би можел да биде и последен за тренерот Леонардо Семпличи но и за Мануел Лазари кој сигурно ќе има еден куп понуди од поголемите клубови во текот на летото.

Спал сезонава победи екипи како Јувентус, Рома, Лацио и Аталанта. Затоа не би било изненадување да го додадат Милан на таа листа.

Интер – Емполи

Интер мора да слави победа доколку сака Лига на Шампиони. Но од друга страна победа мора да слави и Емполи, доколку сака опстанок. Сезонава беше тешка за Интер. Тимот играше добро на почетокот но потоа имаше падови. Дел од причините се бараат во проблемите со Икарди кој што е на излезна врата од тимот, но сега проблемите мораат да се тргнат на страна бидејќи влогот е преголем.

Емполи пак беше отпишан пред две недели и сите веќе го гледаа во Серија Б. Сепак тимот врза неверојатни три победи во серија и сега е едно место над опасната зона. Токму формата на Емполи го загрижива Спалети, но тоа не ја намалува фаворитската улога на Интер. Интер може во европската елита и со реми или пораз, но тогаш мора да се надева на кикс на Милан против Спал.

Од друга страна и Емполи може да обезбеди опстанок со пораз, но само доколку Џенова не освои бод против Фиорентина на гости.

Аталанта – Сасуоло

Аталанта има ист број на бодови како и Интер. Јасно е дека еден од тимовите на Аталанта и Интер сигурно ќе играат во Лигата на Шампиони следната сезона, а голема е веројатноста таму да се најдат двете екипи на сметка на Милан. Сепак за тоа треба и Аталанта да си ја заврши својата задача. Тимот има неверојатна сезона, а нема пораз од февруари или 12 натпревари по ред.

Со Гасперини за кого најавите се дека ќе ја преземе Рома наредната сезона, овој меч станува уште поинтересен. Ако тој со Аталанта заврши до 4-то место, тоа ќе значи дека Рома наредната сезона нема да игра во европската елита, со што Гасперини на некој начин би си заминал од Лигата на Шампиони во Лигата на Европа. Но неговото заминување не е официјално и тоа може лесно да се промени доколку Аталанта обезбеди Лига на Шампиони.

Сасуоло си ја заврши својата цел сезонава, тие се на средината на табелата и ќе играат ослободени без никаков притисок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…