Дома Фудбал Италија Бизарно: Фудбалерот на Интер остана без повик во репрезентацијата поради погрешен мејл!

Бизарно: Фудбалерот на Интер остана без повик во репрезентацијата поради погрешен мејл!

Навистина бизарна ситуација.

Фудбалерот на Интер, Кеита Балде остана без повик во репрезентацијата поради навистина бизарна причина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, афричката селекција закажала собир за натпреварот против Екваторска Гвинеја и Балде нема да биде во комбинација за настап на овој натпревар.

Причината е навистина бизарна – фудбалскиот сојуз на оваа земја испратил мејл на погрешна адреса!

Проблемот веројатно настанал поради тоа што Интер го промени официјалниот мејл на клубот, па тоа очигледно Сенегалците не го забележале. Италијанците сепак подоцна дознале дека
Кеита е повикан, но не сакале да го пуштат да настапи бидејќи известувањето не стигнало на време.

Ќе потсетиме утрово се појави и уште една вест поврзана со овој играч според која Интер нема намера да го откупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ја наполни касата со (не)очекувана продажба во Саудиска Арабија

Синоќа официјално заврши приказната помеѓу Јацин Адли и Милан. Фудбалерот со пасоши од Алж…