Дома Трансфер зона Интер одлучи: Нема да го откупи големото засилување!

Интер одлучи: Нема да го откупи големото засилување!

Кеита Балде ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“ како големо засиливање, но во досегашниот тек од сезоната не ги оправда очекувањата.

Сенегалецот пристигна во Милано како позајмен играч од Монако за 5 милиони евра, со опција Интер да го откупи на крајот на сезоната за додатни 34 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, тоа најверојатно нема да се случи бидејќи Лучијано Спалети смета дека Кеита не ги оправда очекувањата и дека со таа сума клубот може да купи друг фудбалер.

Она што е сигурно е дека 23-годишниот крилен напаѓач сигурно ќе остане во клубот до крајот на сезоната, а потоа ќе биде вратен во Монако.

Ова станува пракса кога е Интер во прашање, бидејќи минатата сезона го направи истото со Кансело и Рафиња, играчи кои клубот одлучи да не ги откупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…