Дома Фудбал Останато Беше за очекување: Холандија му врачи отказ на Блинд!

Беше за очекување: Холандија му врачи отказ на Блинд!

Дени Блинд повеќе не е селектор на Холандија, откако челниците на националниот Сојуз му врачија отказ по поразот во Софија од Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холнадија со поразот во Софија го загрози својот пласман на Мундијалот во Русија, на табелата „лалињата“ имаат шест бодови помалку од лидерот Франција, три од Шведска и два од Бугарија.

„Го почитуваме Дени, но резултатите се разочарувачки и мораме да му кажеме довидување“, се наведува во соопштението на директорот на Фудбалскиот сојуз на Холандија.

Блинд по мечот во Софија истакна дека ја прифаќа одговорноста за поразот од Бугарија.

Холандија, утре игра контролен меч со Италија, а тимот ќе го предводи Фред Грим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…