Тажна приказна ни доаѓа од Северна Ирска…
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Џејми Дејвидсон пред неколку години беше голема надеж на ирскиот фудбал. Дебитираше за Балимени кој игра во првата лига во Северна Ирска, а го следеа скаути на англиските гиганти Ливерпул и Чекзи.
Момчето кое ветуваше играше за младите селекции на својата земја, а потоа пред неколку години доживеа повреда на коленото.
Поради тоа мораше да оди на подолга пауза и тогаш започнаа проблемите. Пред една година беше обвинет за секусален напад во алкохолизирана состојба, а потоа се почесто се наоѓаше на насловните страници поради ограбувањето на продавници.
Пред неколку дена беше уапсен поради три грабежи и закана со нож, па на крајот заврши во притвор каде што го чека судењето.