Силвио Берлускони, поранешниот претседател на Милан го прокоментира натпреварот од полуфиналето во купот против Лацио (0:0).
Популарниот Италијанец смета дека неговиот поранешен клуб мора да игра со двајца напаѓачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Милан 30 години играше во формација со два напаѓачи и таа формација нас ни носеше титули. Мислам дека играта со еден напаѓач како против Лацио кога во тој случај беше Калиниќ не ни одговара и е недостаок за Милан. Ова не го кажувам прв пат, но мене никој не ме слуша“.
„Боновентура е добар играл, а Сусо може да биде одличен втор напаѓач. Тешко е за напаѓачот кога игра против двајца штопери. Гледав натпревари во кои Милан едвај да успеа да шутне на голот“, изјави Берлускони.
Освен за формацијата и начинот на кој според него треба да игра Милан, Берлускони зборуваше и за актуелното раководство на клубот.
„Фудбалскиот тим мора да биде како семејство, а претседателот мора да биде татко на тоа семејство. Би им препорачал да го следат мојот пример. Јас пред секој натпревар се трудев да дојдам во соблекувалната и да ги охрабрам фудбалерите. Им кажувал колку голови мораат да постигнат и тоа ги мотивираше“, зборуваше Берлускони.