Oднесувањето на Герет Бејл во последно време беше непримерно и најдобро решение е велшкиот фудбалер да го напушти Реал Мадрид, барем така смета легендарниот Димитар Бербатов.
Искусниот напаѓач го предизвика гневот на навивачите со однесувањето на клупата за резерви. Прво тој беше „фатен“ како спие со маската ставена на очи, а потоа си правеше двоглед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога го видов што не прави не можев да поверував. Ги прекри очите со маска и се правеше дека спие. Тоа никако не може да биде исправно. Се однесуваше непрофесионално и не покажа почит кон Реал Мадрид. Сакам да го гледам како игра и можам да ја разберам неговата болка кога седи на клупата, но овој пат претера. Тоа што го прави не е добро ниту за него, ниту за клубот. Единственото решение е да си замине“, изјави Бербатов.