Карим Бензема беше ѕвездата на вечерта на вчерашната церемонија во Париз каде што се избираа најдобрите според „Франс Фудбал“.
Меѓутоа Французинот не се најде во центарот на вниманието само поради освојувањето на наградата, туку и поради тоа што на церемонијата се појави со две убавици.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со Бензема во Париз се појави неговиот син Ибрахим кого го донесе неговата сопруга Кора Галутие, меѓутоа на изненадувањ ена сите таму се најде и девојката на фудбалерот Џордана Озуна.
Во прашање е преубава манекенка со која Бензема беше фотографиран како ужива на јахта. Французинот со Кора е во брак со години и има две деца, досега во јавноста ниту таа, ниту тој не се огласија во врска со Озуна.