Дома Фудбал Белингам: Се плашам дека некој ќе ме разбуди од сонот кој го живеам

Белингам: Се плашам дека некој ќе ме разбуди од сонот кој го живеам

Фудбалерот на Реал Мадрид и на англиската репрезентација Џуд Белингем ја доби наградата Златно момче за 2023 година.

Белингам ова лето за 110 милиони евра пристигна во Реал Мадрид и се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Европа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англискиот репрезентативец на 17 натпревари во дресот на „кралевите“ постигна 15 голови и четири асистенции.

Белингам во разговор со новинарите од Шпанија откри како се чувствува, а вели дека се плаши некој да не го разбуди од „сонот“.

„Сонувам, секој ден се плашам некој да не ме разбуди. Многу сум среќен во Реал Мадрид. Моја цел е да освоиме многу титули. Секој ден одам на тренинг со цел да станам подобар“, вели Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Премиер лигата донесе ново правило, а Арсенал пронајде начин да го искористи во своја корист!

Навивачите на Олд Трафорд забележаа „интересен“ потег на Арсенал кога станува збор за ново…