Дома Фудбал Репрезентации Белгија прва „чекираше“ билет за Русија 2018, Франција разочара против Луксембург

Белгија прва „чекираше“ билет за Русија 2018, Франција разочара против Луксембург

Белгија е првата европска репрезентација што обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Русија во 2018 година. Популарните „ѓаволи“ славеа на гостувањето кај Грција со 2:1 и на две кола до крајот го осигураа првото место во групата Х.

Сите три гола на „Јоргос Караискакис“ стадионот во Атина „падна“ во второто полувреме во период од само пет четири минути. Фертонген во 70. и Лукаку во 74. погодија за Белгијците, Зека во 73. го постигна единствениот за домашните.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поразот на Грција го искористи селекцијата на БиХ која по триумфот во Алгарве над Гибралтар со 4:0 напредуваше до второто место на табелата. Един Џеко постигна два гола во 35 минута и во 85 минута, по еден реализираа Кенан Кодро во 66. и Сенад Лулиќ во 84. за тимот на Мехмед Баждаревиќ кој пред три дена доживеа шокантен пораз на Кипар со пресврт во второто полувреме.

Во последниот меч од осмото коло во групата Х, Естонија во Талин славеше над Кипар со 1:0.

„Лалињата“ ја враќаат контролата во групата А, „триколорите“ се избламираа со Луксембург

Холандската репрезентација ита кон последниот воз за Русија. „Лалињата“, се чини, ја враќаат контролата над сопствената судбина во групата А на два меча до крајот на циклусот. По дебаклот во Париз, се рехабилитираа со победа над Бугарија во Амстердам со 3:1 и се пробија на третото место на табелата со 13 бода, три помалку од Шведска.

Двоен стрелец за селекција на Дик Адвокат беше Дави Пропер во седмата, односно, 80 минута од средбата на „Јохан Кројф арена“, во меѓувреме, во 67 минута, „стрелаше“ и Арјен Робен. Забележителна улога имаше Дени Блинг по чии асистенции беа постигнати два од трите гола. Почесниот за Бугарите беше дело на Георги Костадинов во 69 минута.

По блескавата партија против Холандија во петокот, француските напаѓачи доживеаја фрустрирачка вечер во Тулуз. Пол Полга, Килијан Мбапе, Џибрил Сидибе и Антоан Гризман беа запрени од голманот Жонатан Жобер и дефанзивци на Луксембург во изненадувачкото реми (0:0) во групата А. Гостите можеа дури и до трите бода преку Жерсон Родригез, но сензација од таков вид, сепак, не се случи иако и нерешениот резултат е рамен на сензација.

Квалификации за СП 2018

Група А, 8 коло

Франција – Луксембург 0:0

Холандија – Бугарија 3:1

Белорусија – Шведска 0:4

Табела: Франција 17, Шведска 16, Холандија 13, Бугарија 12, Луксембург 5, Белорусија 5.

Идно коло (7 октомври): Бугарија – Франција, Шведска – Луксембург, Белорусија – Холандија.

Група Б, 8 коло

Унгарија – Португалија 0:1

Летонија – Швајцарија 0:3

Фарски Острови – Андора 1:0

Табела: Швајцарија 24, Португалија 21, Унгарија 10, Фарски Острови 8, Андора 4, Летонија 3.

Идно коло (7 октомври): Швајцарија – Унгарија, Андора – Португалија, Фарски Острови – Летонија.

Група Х, 8 коло

Грција – Белгија 1:2

Гибралтар – БиХ 0:4

Естонија – Кипар 1:0

Табела: Белгија 22, БиХ 14, Грција 13, Кипар 10, Естонија 8, Гибралтар 0.

Идно коло (7 октомври): БиХ – Белгија, Кипар – Грција, Гибралтар – Естонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…