Дома Останати Тенис Бекер му одговори на Кирјос: Погледни се во огледало

Бекер му одговори на Кирјос: Погледни се во огледало

Славниот германски тенисер Борис Бекер не штедеше критики за Ник Кирјос.

Тениската легенда очигледно ги следел критиките кои во последно време Кирјос ги испраќаше за Ѓоковиќ поради „Адрија Тур“. Кирјос неколку пати се огласуваше, а сега Бекер му одговори.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Никој не сака кодоши. Оној кој ги напаѓа колегите спортистите ил спортските не може да биде мој пријател. Погледни се во огледало и размисли дали си подобар другите“, гласеше одговорот на Бекер.

Кирјос и тука не остана должен па му возврати:

„Борис, па не е тоа некое тениско натпреварување и немам намера да се објаснувам преку Твитер. Човеку, во сред глобална пандемија сме. И ако некој глупав каков што е Алекс (Зверев) го направи она што го направи јас ќе го критикувам. Многу е едноставно“, возврати Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ја напаѓа осмата титула на Вимблдон – познато кога го игра првиот меч

Српскиот ас Новак Ѓоковиќ и оваа година тргнува во нова мисија на Вимблдон, каде што ќе се…