Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојниот двомеч со Португалија во квалификациите за ЕП 2024.
Сениорската машка репрезентација на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат квалификациски натпревари против селекцијата на Португалија. Првиот натпревар сениорите ќе го оддиграат на домашен терен на 09.03.2023 год со почеток во 19:00 часот, а потоа на 12.03.23 гостуваат во Португалија, натпреварот ќе се одигра во Порто со почеток во 18:30 часот.
На списокот ги нема Дејан Манасков и Гоце Георгиевски. Во наредните денови се очекува Лазаров и да го скрати списокот.
Пласманот на Македонија е скоро обезбеден, но овој двомеч со Португалија е битка за првата позиција, двете селекции имаа максимални две победи по првите натпревари.