Дома Македонски спорт Без Барди против Лихтенштајн и Германија

Без Барди против Лихтенштајн и Германија

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската репрезентација против Лихтенштајн (8. октомври) и Германија (11. октомври) од квалификациите за Светското првенство 2023.

Фудбалерот на шпански Леванте сеуште не е залечен од повредата (заден бутен мускул) здобиена на последниот репрезентативен натпревар против Романија на Националната арена. Селекторот Благоја Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди. 

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот. 

Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…