Дома Фудбал Перез обезбеди напаѓач и порача: “Подобар е од бразилецот Роналдо”

Перез обезбеди напаѓач и порача: “Подобар е од бразилецот Роналдо”

Реал има голем потенцијал во нападот, но на Кралеви им треба уште еден кој ќе му помогне на Винисиус и Мбапе и кој може повеќе да игра кон средината на теренот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се зборуваше за Ерлинг Халанд од Манчестер Сити, за Михаел Олсие од Баерн, но на крајот „најдобрата опција“, барем така мисли првиот човек на Кралеви.

Имено, тој реши да не вложува во нов напаѓач, туку да се потпре на постојниот, кој моментално игра на позајмица. Се разбира, станува збор за талентираниот Ендрик, кој покажа потенцијал откако беше испратен на позајмица во Лион.

Во Мадрид веруваат дека сега е доволно подготвен да биде стартер во клубот кој го донесе од Бразил во 2024 година за дури 60 милиони евра.

Убеден е Перез дека Арбелоа може да го ослободи целиот потенцијал на напаѓачот кој чинеше 72 милиони евра, вклучувајќи фиксни такси и потенцијални додатоци. Откако помина време во Лион, сакаат да го направи последниот чекор на Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јанкулов: Вардар по седум години е во ЛШ, мотивирани сме и фокусот ни е на КуПС!

Георгије Јанкулов кажа дека целиот фокус на фудбалерите на Вардар е на првото квалификацис…