Независно во кој дрес, клупски или репрезентативен, да се појавеше, Питер Крауч секогаш беше омилен лик кај публиката, најмногу заради неговата позитивна енергија и харизматичност кои ги имаше на терените. Ништо поразличен не е ниту на социјалинте мрежи – еднакво ведар и шеговит.
Откако им ја честиташе и теоретски освоената титула на Манчестер Сити во Премиер лигата, Крауч наиде на еден коментар кој задира во неговиот приватен живот, во кој беше вмешана и неговата сопруга. Еве како реагираше на тоа фудбалерот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ветувам дека ќе престанам да дркам на твојата сопруга, Пити“, пиша извесен Алан МекГрегс. „Тоа би било прекрасно, фала пријателе“.
Инаку, Питер Крауч од 2011-та година е во брак со Еби Кленси – познат модел во Британија и САД.