Холандскиот фудбалер Френки Де Јонг вчера официјално беше претставен како нов играч на Барселона.
Де Јонг уште во јануари го договори трансферот во Барселона, но до крајот на сезоната остана во Ајакс. Овој 22 годишен играч за врска пристигна на „Камп Ноу“ каде што беше официјално претставен како нов играч на клубот од Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На претставувањето во неговиот нов клуб присуствуваше девојката на Де Јонг Мики Киеменеј. Тие двајца позираа пред фотографите, а тогаш во кадарот неочекувано се појави претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу.
Тој ја симна ташната од рамото на девојката на Де Јонг после што фотографирањето продолжи.