Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу ја коментираше моменталната ситуација во клубот, како и најскапите трансфери.
„И претходно објаснував, дека градиме проект со Кутињо и Дембеле со парите кои ги добивме за Нејмар. Во моментов нивото на Дембеле е подобро од тоа на Нејмар. Тој е многу подобар играч и се уште се адаптира“, истакна Бартомеу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Доживотниот договор на Меси ќе стане факт многу брзо. Целиот живот го помина овде, повеќе отколку во Аргентина. Неговиот живот секогаш ќе биде поврзан со Барса“.
„Примера се уште не е освоена, треба да продолжиме да работиме и да победуваме борејќи се за сите трофеи. Подобро ќе биде да ја освоиме што е можно побрзо за да се пренасочиме кон другите цели“, заклучи Бартомеу, а потоа зборуваше и за Пеп Гвардиола.
„Во иднина Гвардиола би требало да се врати во Барселона. Се разбира дека ќе му се јавам, ако решем дека е потребно. Меѓутоа, сега е во Манчестер Сити каде се чувствува одлично и има долг договор“.
Josep Bartomeu (Barça president): “I’ve explained that we have a project with Dembélé and Coutinho with the money from Neymar. Dembélé’s level now is better than Neymar’s. He’s a much better player and now he’s adapting.” [tve] pic.twitter.com/CXmpuSpYzJ
— barcacentre (@barcacentre) April 15, 2019
Бартомеу потоа зборуваше и за летниот трансфер пазар, па беше неизбежно да одговори на прашања за Гризман и Де Лихт.
„Гризман има договор со Атлетико Мадрид. Тој е голем играч, но не е точно дека сме имале контакт со неговиот агент… Имаме одлични односи со Ајакс, знаеме дека Де Лихт е на пазарот, но се уште не знам каде ќе ја продолжи кариерата“, истакна претседателот на Каталонците.