Барселона ова лето го купи играчот за врска Артур и стоперот Клемент Ленглет но очигледно звучните засилувања дури сега ќе пристигнат.
Барселона купи двајца млади играчи, а новиот спортски директор, Ерик Абидал, работи на доведувањето на спектакуларни трансфери. Се очекува пристигнување на неколку фудбалери за врска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од главните желби на Абидал, но и водството на Барселона е Адриен Рабиот, играчот за врска кој игра во Париз, а Ел Мундо Депортиво во денешното издание со наслов „Offensiva“ ја претстави листата потенцијални заслувања на каталонскиот клуб.
За Рабиот пишува дека неговото пристигнување зависи и од можното преминување на Миралем Пјаниќ од Јувентус во ПСЖ, иако порано не се пишуваше премногу за Пјаниќ и францускиот шампион.
Покрај Рабиот, на насловната се и Бразилецот Вилиан, за кој Барселона нуди речиси 60 милиони евра на Челзи, и Муса Ваг кој игра на позицијата бек а член е на белгиски Еупен.
Ваг е 19-годишен фудбалер кој играше на СП во таборот на сенегалската репрезентација и тој би можел да биде идниот избор на Барселона на десната бековска позиција. Постојат уште десеттина играчи кои секојдневно се поврзуваат со Барселона, но по пишувањето на Мундо Депортиво, оваа тројка на насловната се наоѓа на врвот на листата кај Каталонците.