Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо, дури и тоа да биде за цена пониска од неговата реална вредност.
Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.
Каталонски „Спорт“ тврди дека Барселона сака за неговата слобода да добие 50 милиони евра, но е спремна да прифати и помала понуда за Кутињо.
Најсилен интерес за Кутињо покажуваат неколку клубови од Премиер лигата и од Серија А.