Барселона може да игра со присуство на публика против Јувентус во Лигата на шампиони во натпревар кој на програмата е во декември, пренесуваат каталонските медиуми.
„Водиме константно разговори со клубот за постепеното враќање на публиката на стадионот и планот е да ја анализираме ситуацијата натпревар по натпревар. Можеби ќе допуштиме 3.000 до 5.000 гледачи според епидемиолошката ситуација“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мислам дека протоколите ќе дозволат навивачите да се вратат на мечот со Јувентус на 8 декември, освен ако ситуацијата не се влоши“, изјави организацискиот директор на Барселона.
Првиот меч на помеѓу Јувентус и Барселона се игра на 28 октомври, на кој ќе отсуствува Кристиано Роналдо, а на „Камп Ноу“ најверојатно Португалецот ќе биде пречекан со публика.