Дома Трансфер зона Барселона го продаде „бунтовникот“: Мориба се сели во Лајпциг

Барселона го продаде „бунтовникот“: Мориба се сели во Лајпциг

Младиот талент Илаиш Мориба ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Барселона го острани Мориба од првиот тим, па мораше да го продаде бидејќи следното лето ќе го загуби без пари.

За него интерес покажаа неколку европски клубови, но Лајпциг ја доби битката за неговиот потпис.

Лајпциг за неговиот потпис ќе плати 15 милиони плус 2,5 милиони како бонуси, а Мориба денес ќе пристигне во Германија на лекарски прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…