Дома Трансфер зона Барселона ја одреди цената на Мориба

Барселона ја одреди цената на Мориба

Изгледа дека само прашање на време е кога младиот талент Илаиш Мориба ќе ја напушти Барселона.

Овој 18 годишен играч за врска во вториот дел од сезоната доби прилика да дебитира и одигра солидно. Сепак, неговиот статус во клубот во последните недели се промени затоа што одби да го продолжи договорот кој му истекува летото 2022 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Каталонските медиуми потврдија дека менаџерите на Мориба не одговориле на последната понуда за продолжување на соработката.

Во исто време, тие откриваат дека пристигнала понуда од Челзи, кој е подготвен да испрати трипати поголема плата за дијамантот од „Ла Масија“.

Барселона не сака да го загуби талентот без обештетување и сака да го продаде ова лето, па за неговиот потпис бара 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…