Зимското засилување на Барселона, Феран Торес немаше право за настап против Мајорка вчера затоа што не беше регистриран.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците не можат да го пријават крилниот напаѓач во Ла Лига поради финансиските проблеми во клубот.




„Торес не може да го регистрираме во овој момент, но се надеваме дека ситуацијата набрзо ќе се реши и тој ќе ни биде на располагање. Можеби ќе ни помогне продажбата на Демир, ќе видиме каква ќе биде и ситуацијата со Лук Де Јонг“, изјави директорот на клубот Алемани.




Барселона сличен проблем имаше пред стартот на сезоната со Ерик Гарсија, Агуеро и Мемфис Депај. Тогаш Бускетс, Пике и Алба се согласија на намалување на платитер за 25%.