Нема сомнеж дека викендов многу очи ќе бидат вперени кон Барселона. И тоа не поради Ел Класико, туку поради Атлетико Мадрид кој гостува кај Барселона. На Камп Ноу ќе следиме супер интересна пресметка и покрај фактот што Барселона полека но сигурно му станува комплекс на Симеоне.
Симеоне има комплекс наречен Барселона
По сите постигнувања на Атлетико во текот на последните неколку години, една работа или еден податок е тешко да се разјасни. Атлетико не ја победил Барселона на последните 17 лигашки средби. Последната победа на оваа екипа над Барса датира уште од 2010 година. Тука не ги споменуваме двете победи на Атлетико против Барса во овој период во Лигата на Шампиони. Симеоне е одговорен за 14 од овие 17 натпревари. Неговиот рекорд не е толку импресивен ниту кога би ги вметнале и натпреварите во Лигата на шампионите, Копа дел Реј и Супер Купот. На 23 средби тој победи на само две. Дали тој конечно ќе се ослободи од “црната магија” во сабота? Можеби, бидејќи овој меч изгледа како добра можност за тоа, ако се знае дека тие влегуваат од лидерската позиција на оваа средба.
Серијата на Барса трае и трае …
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Атлетико Мадрид е единствен конкурент на Барселона во трката по трофејот во Ла Лига. Но Барса е доста кревка, особено по ремито со Виљареал минатото коло од 4:4. Сепак, тие на тој дуел губеа со 4:2 до 90-та минута, за со головите на Меси и Суарез во судиското продолжение да освојат еден бод. Доколку сега победат, тој бод ќе биде рамен на три.
Тој меч покажа дека Барса може да се победи и покрај одличната серија на екипата. Барселона нема загубено во Ла Лига од 11-ти ноември. Од тогаш пак, тимот забележа само два порази и тоа во Купот, кои искрено и не се премногу загрижувачки. Имаат два бода предност во однос на Атлетико и се свесни дека со победа на овој меч ќе завршат голема работа, бидејќи на Симеоне ќе му биде крајно тешко да брка пет бодови негатива.
Рафиња и Видал нема да играат, а настапот на голманот Цилесен како и на Дембеле е под нак прашалник.
Елиминацијата од ЛШ, може да донесе предност во Ла Лига
Атлетико е во добра форма, со шест победи (без примен гол) во последните седум натпревари во лигата. Но, испаѓањето од Лигата на шампионите од Јувентус може да остави негативна трага. Сепак, од друга страна токму таа елиминација значи дека сега тимот е целосно посветен на Ла Лига, а тоа на некој начин ќе биде предност за нив во домашниот шампионат. Симеоне добро знае како да го искористи тоа, па затоа сега на овој меч целта е да не се загуби. Проблем за Симеоне е тоа што Мората, Коста и Хернандес се жалат на повреди. Доколку тие настапат, секој резултат е можен но без нивна помош еден бод против Барса ќе биде исто како победа.