Дома Фудбал Останато Барди: Ми беше тешко враќањето на терен

Барди: Ми беше тешко враќањето на терен

Енис Барди после еден месец се врати на теренот и го одигра второто полувреме од гостувањето на Леванте кај Севиља.

Македонскиот репрезентативец паузираше поради повреди и истакна дека му било тешко да се врати на терените после долгата пауза.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ми беше малку тешко враќањето на терен. За секој играч толку долга пауза претставува проблем. Сега сум фокусиран на тоа да се вратам во форма и да му помогнам на тимот да се врати на победите“, рече Барди. 

Леванте во следниот меч игра против шампионот Атлетико Мадрид, па Барди очелува тежок меч.

„Секој меч е посебен, и има свое значење. На секој меч треба да се даде максимум, а ќе видиме ние како ќе одиграме токму против овој ривал“, истакна Барди за клупскиот канал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Данска ги избра голманите за мечот со Македонија – познато е кој ќе брани по повредата на Шмајхел и Јоргенсен

Данска се соочува со големи проблеми пред натпреварот од полуфиналниот бараж против Македо…