Дома Македонски спорт Мак фудбал Барди: Мајка ми е од Косово, но ќе дадам СЕ да победи Македонија!

Барди: Мајка ми е од Косово, но ќе дадам СЕ да победи Македонија!

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за историскиот меч со Косово кој ќе се игра на 26-ти март на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

За Енис Барди тој меч ќе биде посебен и многу емотивен, бидејќи има корени од Косово, но истакна дека ќе даде се од себе за да победи Македонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Македонија ми даде шанса на 19 години да дебитирам и јас сум и благодарен, како и на сите луѓе кои многу ми помогнаа. Не чека пресметка со Косово, а за мене ова ќе биде многу емотивен меч. Мојата мајка е од Косово, јас сум внук на Косово, ама на терен ќе играм за Македонија и ќе направам се за да победиме. Ние играме за успех, а играњето со Македонија на Евро 2020 е еден од тие цели“, изјави Барди.

„Јас ќе уживам во мечот, знам дека ќе биде тежок и тврд, но ќе дадам се од себе, а и верувам дека ние сме подобри. Главната сила на Македонија не сум само јас, тука се и Елмас, Пандев, Алиоски и многу други. Ќе биде забавно, а јас само се надевам дека нема да има неспортски работи, зашто спортот треба да ги спојува луѓето. Ќе биде возбудливо“, додаде играчот на Леванте за косовските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…