Своевремено еден од најдобрите европски напаѓачи, Марио Балотели, моментално е во потрага по нов клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесуваат бугарските медиуми, поранешниот италијански репрезентативец преговара со екипата на ЦСКА од Софија.
Овој клуб вложи многу пари во новата сезона, а сега сака да го доведе најгласното засилување.
Марио Балотели е слободен играч откако му истече договорот со турскиот суперлигаш Адана Демирспор.
Балотели има 34 години и има настапувано за 11 клубови од пет земји. Играше во Италија, Англија, Франција, Турција и Швајцарија.
За италијанската репрезентација одигра 36 натпревари и постигна 14 голови. Со „Аѕурите“ беше вицешампион на Европа во 2012 година.