Дома Фудбал Италија „Балотели не сака да дојде во нашиот клуб бидејќи парите му се на прво место“

„Балотели не сака да дојде во нашиот клуб бидејќи парите му се на прво место“

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се уште е без клуб откако му истече договорот со Марсеј.

Балотели во Марсеј играше само пола година и на крајот не одлучи да остане во клубот иако му понудија продолжување на соработката. Супер Марио сака да се врати во Италија, а неколку клубови покажаа интерес за неговите услуги.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој напаѓач најмногу се поврзуваше со трансфр во Бреша, која конечно се врати во Серија А. Меѓутоа, претседателот на клубот изјави дека тоа веројатно нема да се случи.

Балотели е роден во Бреша и се очекуваше да дојде во овој клуб како големо засилување, но шансите за тоа се мали. Како што изјави претседателот Селино, тој е изненаден што за Балотели парите се на прво место.

„Навистина ми се допаѓа Балотели, но секогаш зборувам дека тој повеќе ги покажува своите слабости отколку предности. Не можеме да го донесеме бидејќи е прескап. Ако сака да дојде мора да ги прифати нашите услови бидејќи не можеме повеќе да му понудиме. Парите му се на прво место, а не љубовта спрема клубот од родниот град, како што мислат многумина.“ – изјави Селино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот е оптимист пред реваншот со ПСЖ: Имаме верба дека можеме да постигнеме нешто специјално

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим има реални шанси да го промени те…