Tрагедија го погоди светот на бодибилдингот. Балканскиот шампион, Каталин Стефанеску (30) го загубил својот живот во неделата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Безживотното тело на Стефанеску било пронајдено во рибарско езеро во близина на Лазури, а првите информации се дека се удавил додека бил на риболов.
Според информациите на романските медиуми, тој се удавил во вода која не била подлабока од еден метар. Стефанеску беше национален и балкански шампион во бодибилдинг.
Со репрезентацијата на Романија освои сребро на Балканското првенство во 2020 година. Зад себе ги остави сопругата и ќерката.