Милан синоќа го доби дербито против Лацио на „Сан Сиро“ со 1:0, но мечот имаше и „трето полуврем“.
После последниот свиреж на судијата Луис Алберто го нападна Сусо, па изби општа турканица, но креаитори на најконтроверзниот момент беа Тиму Бакајоко и Франк Кеси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ачерби пред мечот изјави дека Лацио имаат „подобар тим, човек-по-човек, од Милан и едноставно нема споредба“, на што Бакајоко преку Твитер му одговори „се гледаме во сабтота“.
После мечот двајцата ги разменија дресовите, а Бакајоко при славјето го покажа дресот на Ачерби како трофеј пред своите навивачи.
„Разочаран сум бидејќи го сменив дресот за да се стави крај на тоа. Да се создава омраза не е спорт, туку знак на слабост“, веднаш реагираше Ачерби на Твитер.
Sono dispiaciuto perché ho scambiato la maglia per mettere fine alla questione, fomentare odio non è sport ma un segno di debolezza.#Acerbi #Ace #CMonEagles pic.twitter.com/hgZwt12py6
— Francesco Acerbi (@Acerbi_Fra) April 13, 2019
После ова следеше извинување најпрво на тренерот Гатузо, а потоа и самиот Бакајоко се огласи преку социјалните мрежи.
„Јас сакав само да се пошегувам и не сакав да покажам непочитување кон никого. Му се извинувам на Ачерби ако се навреди од мојот гест“, истакна Французинот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Дисциплинската комисија на Серија А може да покрена постапка за неспортско однесување, па Кеси и Бакајоко би можеле да добијат суспензија од еден натпревар.