Дома Фудбал Германија Баерн се соочува со нов проблем: Полиција влезе во клупските простории!

Баерн се соочува со нов проблем: Полиција влезе во клупските простории!

Сѐ уште не е стивната бурата по промената на клупата, проблемите во соблекувалната и лошите резултати, а во Баерн се појави нова – германските медиуми јавуваат дека федералната полиција влегла во клупските простории на германскиот гигант, во истрага за неправилности.

Полициските инспектори ја истражуваат наводната поврзаност на долгогодишниот функционер на Баерн, Ули Хенес со рускиот олигарх Алишер Усманов, кој важи за близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Контроверзниот Хенес веќе беше во затвор поради перење пари, а со Усманов добро се познаваат од претходно.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Инспекторите сметаат дека Усманов често добивал гратис ВИП-влезници за најразлични настани и за натпреварите на Баерн. Ова било доволно за сомнеж кај истражителите, кои бараат поврзаност, односно документи со кои би се докажало дека во клубот се переле пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Поранешен фудбалер на Премиер лигата се соочува со 13 години затвор за шверц на два тони кокаин

Поранешниот дефанзивец на Виган, Рони Стам (40), може да се најде зад решетките дури 13 го…