Дома Македонски спорт Мак фудбал Бабунски ја напушта „Маракана“ – се сели во Швајцарија!

Бабунски ја напушта „Маракана“ – се сели во Швајцарија!

Откако пред неколку дена веше потврдено дека Даниел Аврамовски ќе се пресели во Олимпија, денес српските медиуми пренесуваат дека Црвена Звезда ќе ја напушти и другиот Македонец, Давид Бабунски.

Македонскиот репрезентативец по доаѓањето од Барселона не успеа да се наметне на „Маракана“, добиваше повремено шанса, па во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголем интерес за Бабунски во моментов покажува швајцарски Јанг Бојс. Учесникот во Лига Европа веќе ги започнал преговорите со Македонецот за условите на договорот.

Бабунски има договор со Црвена Звезда до 2018 година, но српскиот клуб е спремен да го пушти без обештетување, па трансферот би можел да се реализира во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…