Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да ја доведе во своите редови ѕвездата на Бока Јуниорс, Наитан Нандез.
Симеоне бил импресиониран од квалитетите и борбеноста на Нандез за време на финалето против Ривер кое се играше во Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Атлетико го сака Нандез уште во јануари, но ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи Интер исто така покажува сериозен интерес за 23-годишниот Уругваец.
Нандез пристигна во Бока во 2017 година од Пењарол и веднаш се етаблираше во првиот тим. Договорот на играчот за врска истекува во 2020 година, а неговата откупна клаузула изнесува 25 милиони евра.
Inter Face Competition From Atletico Madrid For Nandez https://t.co/AFD4ZiS2ze #FCIM #ForzaInter #InterFans pic.twitter.com/tZcKNxO9rT
— SempreInter.com (@SempreIntercom) December 20, 2018