Дома Фудбал АС: Детето на Атлетико и клучен играч на Пеп е желбата на Реал за следната година

АС: Детето на Атлетико и клучен играч на Пеп е желбата на Реал за следната година

РОДРИ (28), брилијантниот дефанзивен играч за врска на Манчестер Сити и шпанската репрезентација, е првата желба на Реал за следната година, пишува мадридски АС. Тој додава дека неговата проценета вредност е 130 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Родри беше клучен играч за победата на Сити во Лигата на шампионите минатата година и европската титула на Шпанија ова лето. Тој се смета за најдобар играч од средниот ред во светот.

Тој има договор со Сити до 2027. Во тој клуб дојде пред пет години од Атлетико Мадрид со обештетување од 70 милиони евра и освои се. Покрај гореспоменатото ЛШ, тој освои четири последователни титули во Англија, еден ФА Куп, два Лига Купа и едно клупско СП.

Родри е родум од Мадрид, но Шпанците истакнуваат дека тоа што е дете на неговиот најголем ривал може да го одврати од Реал. Родри дојде во Атлетико како момче и помина шест години во неговата младинска школа. Потоа замина во Виљареал, а после афирмацијата, Атлетико го купи пред шест години за 20 милиони евра. Го продаде на Сити веќе следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…